Скандалозното однесување и работење на Лидија Димова е недозволиво. За само една недела излегоа на површина сите фекалии од криминалното работење на кадрите на СДСМ во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Да потсетиме, доделени над 270.000 евра на фризерница за проекти за медиумска писменост. Се уште не одговори Лидија Димова за сомнежите околу рангирањето на проектите, не ги објави јавно, но и сеуште не сноси одговорност за сомнежот дека против законот е добиен проектот, од страна на надворешен соработник на агенцијата, вклучетелно кој е нејзин близок пријател од кафеански седенки. Исто така купени се две луксузни возила од страна на Лидија Димова за луксузирање во вредност од 100.000 евра. Доделени се над 83.000 евра за дресура на магариња, нешто невидено до сега и тоа овластено лице на носителот на проектот е брат на пратеник од редовите на СДСМ, пратеникот Диме Велковски. Најновиот за кој денеска сакаме да поставиме прашања, помалку чуден проект за кој се доделени пари на братот на пратеникот Диме Велковски, втор проект покрај магарињата, е проектот “Избери сирење”, проект за кој се доделени 125.000 евра од Еразмус + програмата, истакна тој.

Арсовски потенцира: „Значи доделени 125.000 евра европски пари од проект „Избери сирење“ каде што треба да се едуцираат деца за сирење, пари што отишле повторно кај Диме Велковски. Неспорно е веќе дали се валидни или не апликациите околу магарињата и сирењето“.

-Поставуваме дилема и прашање, како е можно, овие два проекта во вредност од над 200.000 евра, европски пари, Лидија Димова да ги додели токму кај братот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски, токму пред парламентарните избори? Бараме, јавно да се објави од страна на Диме Велковски и Лидија Димова на кој начин се трошеле и каде завршиле над 200.000 евра, односно во чии џебови завршиле парите? Бараме да објават јавно дали парите биле влечени преку сметки на други лица да ги вратат кај добитниците на проектите? За што постои и сомнеж во проектите поврзани со фризерницата коишто беа јавно изнесени на прес конференцијата на Лидија Димова, вели Арсовски.

Тој порачува дека затоа Лидија Димова треба да си даде оставка веднаш.

-Да не чека ниту ден повеќе. А, кој и зошто ја штити до сега, ќе дознаете наредниов период. Овој скандал со Националната агенција е скандал налик оној на Фондот за иновации каде што милиони беа доделени на роднини и функционери блиски на СДСМ. Сега и во наредниот период ќе се дознае за проектите во Националната агенција, истакна Арсовски.