Кога првпат граѓанин ќе го чуе името на Никоб, мисли дека тоа е фирма за обезбедување на имот и лица, но со Заеви, Зоран како премиер и Вице како омилен бизнисмен, газдата на Никоб- Кирил Лазаров, влезе во сите стопански дејности, од обезбедување, земјоделство, винарство, одгледување на марихуана и енергетика, па се до медицина.
Ова за 3 години не им успева ниту на најголемите инвестициски фондови како „BlackRock“ и „Blackstone“, но им успева на фирмите блиски на Заеви. Цената е едноставна, треба да ја напаѓаш ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и да делиш со луѓе на власта.
Само во тендери за обезбедување на државни институции, претпријатија и фирми каде државата има удел, НИКОБ земал тендери во висина од 21 милион евра.
Пред повеќе од една година, ВМРО-ДПМНЕ отвори случај каде што приватна компанија за обезбедување од Струмица има сомнеж дека испумпува пари преку државни институции за семејството Заеви, за што всушност е и зголемена и цената на електричната енергија и сето ова го плаќаат граѓаните.
Како што соопшти на прес-конференција портпаролот на партијата Димче Арсовски, покрај универзалниот снабдувач, агенцијата за обезбедување преку која постојат сомнежи дека се испумпуваат парите од профитот кој истиот универзален снабдувач го остварува заради поголемиот процент кој му го продаваат државните претпријатија по повластена цена, оваа агенција за обезбедување има склучено и други договори за обезбедување со други државни претпријатија кои што се под капата на СДСМ и семејството Заеви.
-Ова е шемата и начинот за испумпување на државните пари и парите на граѓаните, на конто на семејството Заеви, за да се богатат тие самите и да имаат пари во кеш, црни пари за да можат да вршат поткуп. И сето тоа на штета на граѓаните, односно го плаќаат граѓаните. Да сумираме, од ЕВН и државните институции и претпријатија, агенцијата за обезбедување добила тендери во вредност од над 21 милион евра. Сега веќе се јасни бизнис релациите на Заеви со приватната агенција за обезбедување, која пак е нивни параван и јасен начинот и сумите за испумпување пари на граѓаните во семејството Заеви и СДСМ, рече Арсовски на прес-конференцијата.
Тој ги наведе и институциите преку кои се отвора сомнеж дека оваа приватна агенција за обезбедување испумпува пари од нив за семејството Заеви:
Општина Ѓорче Петров на 18.06.2020 година склучила договор во висина од 11.795.280,00 денари, на која ова и е втор договор со истата агенција.
Општина Аеродром платила 7.079.929 денари за договор за обезбедување склучен на 31.12.2019 година, односно на денот на Новата година.
Корисник на услугите на оваа агенција е и Петре Шилегов, кој преку Град Скопје склучил договор во вредност од 11.999.995 денари на 01.08.2019 година, на кој исто така му е втор договор со оваа агенција, а првиот бил склучен на 19.09.2018 година и бил со висина од 7.680.034 денари.
Пари оваа агенција земала и од Струмица гас, фирмата благодарение на која што Струмичани плаќаат најскап гас во светот, од каде што инкасирале 1.178.454 денари со договор склучен на 03.04.2020, а и претходната 2019 година инкасирале 1.180.000 денари или вкупно околу 2.5 милиони денари.
Како корисници на услугите се јавуваат и општина Струмица од каде што потекнува истата агенција и Зоран Заев, Катастарот на недвижнини, ЈП Нискоградба Битола и други државни институции или претпријатија во државна сопственост.
Арсовски потенцираше дека парите кои ги земале од универзалниот снабдувач се во висина од 16.707.030 евра.
-Се поставува логичкото прашање, рече тогаш Арсовски, која е потребата и за што за обезбедување кај универзалниот снабдувач, за да се отвори потреба во период од 2 години кон оваа приватна агенција за обезбедување да се исплати приближно 17 милиони евра. Логички се и сомнежите дека на тој начин всушност се испумпуваат пари, но и дека цената на струјата се поскапува за овој начин на испумпување на пари да продолжи, а сето тоа да го платат никој друг освен граѓаните на Република Македонија. Истото е и со гасот во Струмица во однос на Струмичани, како и со сите останати давачки кои што граѓаните ги имаат кон државата, кои изминативе 3 години значително се покачени, а Заеви ги испумпуваат преку параван приватна агенција за обезбедување со цел да завршат во нивните џебови.
Ова е сериозен случај за ревизија на сите овие тендери кон оваа приватна компанија, но не очекуваме дека институциите под водство на Заев ќе покренат нешто, затоа граѓаните сами нека ценат каде завршуваат нивните пари, односно парите од покачувањето на сите давачки, потенцираше тој.
„Никоб“ за три милиони евра обезбедува 30 државни објекти!
Во 2018 година оваа агенција го доби тендерот и потпиша договор со Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, за во наредните 3 години физички да ги обезбедува обектите на државните органи, да ја гарантира личната сигурност на лицата кои работат во објектите на државната управа и да одржува ред во просторот што се обезбедува. Под нејзина надлежност да биде и видео-надзорот на објектите.
„Никоб“ ги обезбедуваше и општината Ѓорче Петров за 140.000 евра и Градот Скопје чиј тендер тежеше 125.000 евра како и 23 училишта во Скопје за 160.000 евра и други јавни институции.
Агенцијата за обезбедување НИКОБ била најповолен понудувач на 3-милионскиот тендер на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија за физичко обезбедување на повеќе од 30 државни објекти во наредните три години, стоеше на веб страницата за јавни набавки, објавено во 2018 година.
Од трите фирми кои се пријавиле, две биле одбиени и НИКОБ останала единствен наддавач на електронската аукција.
Инаку, Никоб има и лиценци за марихуана и гради плантажи, бизнис кој во целост е во рацете на луге блиски до СДСМ и до Заеви.