Зоран Заев е човек кој што си го пцуе сопствениот народ, а оној кој тргнал против сопствениот народ никогаш не поминал добро, а нема да помине ниту Заев. Објавените аудио записи во медиумите за Зоран Заев се уште една потврда дека на крајно лицемерен начин ги манипулирал младинските движења, односно студентското и средношколското, со тоа што директно ги контролирал и влијаел врз нивните одлуки, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде:
„Токму на ова место се наоѓа Студентскиот парламент, студентска организација чиј интегритет го урна Зоран Заев преку своите платеници за кои и сам призна дека ги финансирал и дека биле негови. Како, на пример, Ивана Туфегџиќ, која 3 години нема збор кажано за правата на студентите и средношколците. Впрочем тоа и беше намерата на Туфегџиќ, исто како и на Зоран Заев, единствено да дојде на власт и да седне во фотелја која што ќе и биде удобна и нема да мисли на никој друг и на ништо друго.“
-Кога вели Зоран Заев „сите организации се мои”, најверојатно мисли дека се негови само затоа што самиот лично ги финансирал и ги плаќал истите. Истите тие кои се декларираа како лидери на организациите и на движењата и кои дивееја и кршеа државен имот низ држава за време на тие протести. А, истовремено да заведуваа и стотици недолжни студенти и средношколци, а да не заборавиме дека во овој ист кош се и дел и од професорите кои ги заведуваа и манипулираа студентите, кои денес важат за професори кои имаат антинационални настроени интереси, потенцира Арсовски и подвлекува:
„Лицемерието кое го гледаат граѓаните, а особено младите, идната интелегенција на оваа држава која што треба да сегради и развива тука, е доволна причина да не размислуваат истите тие млади луѓе за градење на иднината тука во Република Македонија. И да размислуваат за фаќање на првиот авион за да избегаат од држава.“
-Зоран Заев е лицемерието и злото во Република Македонија. Зоран Заев мора уште веднаш да си оди од политиката, за да се спасат државата и граѓаните од него. Добра вест е што ќе изгуби на следните избори кога и да бидат и ќе го снема засекогаш од политичката сцена. Лицемерието никој нема да му го прости, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.