Зоран Заев и Венко Филипче повторно и повторно како и во текот на целата пандемија прават катастрофално погрешни чекори. Или со еден збор циркус Влада, истакна денеска Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-На праг на четвртиот бран наместо да понудат решенија, тие репресираат и на сила и заплашувачки, дискриминаторски се однесуваат кон граѓаните. За СДСМ има само вакцинирани, а за живи не ги сметаат оние кои имаат створено антитела преку прележување на корона вирусот. Такви се над 200 илјади лица кои имаат прележано корона вирус, односно околу 150 илјади официјално и сигурно уште околу 50-тина илјади кои не се пријавени и сите тие имаат најголем дел развиено антитела. За Филипче и Заев овие луѓе не постојат, односно ги дискриминираат и по секоја цена сакаат да ги одвојат и жигосаат. Имунитет имаат и едните и другите, но за Филипче важни се само оние кои што се вакцинирани. Значи да сумираме, никој не е против вакцинирање, само мора да се излезе од насилната матрица на Владата на Зоран Заев, на Венко Филипче и оние кои што имаат стекнато имунитет преку прележување на болеста, да бидат исто третирани како и оние кои што се вакцинирани. Никој никому не смее да му оспори право на живеење и секојдневие ако има стекнато имунитет на едниот или другиот начин, вели Арсовски.
Тој додава дека целта на сето ова кое што во моментов го спроведува Венко Филипче е да се плаши и репресира населението односно граѓаните пред претстојните локални избори. Да не беа изборите, за Зоран Заев и Венко Филипче се уште ќе важеше максимата ново нормално и дека ја победиле короната, како што неколку пати знаете до сега ја победуваат и никако да ја победат, секој нареден бран е посилен од претходниот. Власта покажува дека врши дискриминација и го репресира сопствениот народ само за да предизвика страв пред изборите и да ги исплаши граѓаните.
-Погрешната политика ја доведе Република Македонија уште од стартот на појава на корона високо на листите на починати или досега повеќе од 5.500 починати само во Република Македонија, а високо котира меѓу првите места и на светските ранг листи по бројот на починати Заев и Филипче цело време се занимаваат со последици, а никако да превенираат од последиците. Ова што се случува денес е резултат на целосно игнорирање на проблемот со корона вирусот и многу задоцнета имунизација. Но, тоа е резултат од трката по провизии од набавка на вакцини. И наместо да се стави акцент на набавка на вакцини, се ставаше акцент на провизии од вакцини, за сега да репресираат и дискриминираат насилно. ВМРО-ДПМНЕ повторно апелира на вакцинација, но треба да се почитува и правото на избор, односно да не се дискриминира на еден или на друг начин, и да се почитува правото на избор на оние различните, на оние кои мислат поинаку од останатите, односно кои што мислат поинаку од Владата. Исто така мора да се почитуваат и оние кои имаат имунитет и антитела, а не се вакцинирани, истакнува Арсовски.
Тој додава дека борбата со короната не се води со плашење на сопствениот народ, со влевање страв, туку со разумни одлуки кои што ќе дадат резултати. Ова во моментов што го гледаме е само насилие врз сопствениот народ.
-Владата треба да погледне во земјите каде што граѓаните се поттикнуваат со стимулативни мерки, а не со закани и заплашувања. Сепак од сите бараат само помош, односно од нашите соседни држави, но и од другите држави од Европа и од светот, па така нека видат кои се стимулативни мерки, наместо репресивни кои што би можеле да ги применат тука. Потребни се како што реков стимулативни мерки, а не казна и репресија врз граѓаните. И овој четврти бран кој што е на праг уште еднаш ја покажа целата неспособност на оваа Влада предводена на Зоран Заев, на Венко Филипче. И ова нивно делување со насилие е само резултат на нивната безидејност како да се справат со короната, потенцира Арсовски.