Како што на трибината викендов ветивме дека ќе објавуваме каде завршуваат народните пари – во џебовите на кадрите на СДСМ. Денеска продолжуваме со обелоденување на можеби најголемите бизнисмени од СДСМ. Адвокатурата излезе најисплатлива професија во СДСМ, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски
-После адвокатското друштво Калеска – Ванчева кое инкасирало 55.000 евра од адвокатски услуги, сега го имаме и вториот адвокат кој што со лесни пари од СДСМ ги заработи без многу да се помачи, а од пред еден месец стана и втор човек во партијата на власт. Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, од адвокатски услуги од 2019-тата до 2021 година има инкасирано над 30.000 евра и тоа само од 3 општини со кои раководеле кадри на СДСМ. Општина Неготино, општина Пробиштип и Градот Скопје, додека биле под водство на СДСМ, за само 2 години му овозможиле и му дозволиле на генералниот секретар кој што е во моментов на СДСМ, Миле Зечевиќ како адвокат да инкасира над 30.000 евра, истакна тој.
Арсовски прашува: Само од три општини заработил толку, кој ли знае уште колку пари земало неговото адвокатско друштво од други институции и јавни претпријатија?
-Дали има еден просечен адвокат во Република Македонија без партиски повластувања кој заработува вакви лесни пари како што заработиле Миле Зечевиќ и Калеска – Ванчева? И кога ќе размислите вака, зошто не прекинува и се шири грабањето на државните пари од сите ешалони на СДСМ, функционерски ешалони, одговорот е многу јасен, го гледаат врвот и продолжуваат надолу сите останати. Очигледно е дека ништо не се менува во СДСМ и ги интересира единствено власта за да се здобијат со бенефиции и финансиска тежина, па така ќе продолжат да функционираат и во иднина. Не очекуваме ништо да се смени во иднина. Може да биде само полошо. Замислете кога членовите на СДСМ и сите надолу гледаат како заработува лесни пари генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, замислете колку тие самите ќе се обидат да надокнадат и да заработат во било какви коруптивни зделки. И за тоа секојдневно имаме афера до афера која што за жал не завршува кон граѓаните оправдано, односно да излезе правдата на виделина, затоа што оваа власт ги има правосудните органи под себе, посочи Арсовски.
Тој истакна: „СДСМ и нивните функционери како Зечевиќ, Калеска – Ванчева и останатите, ги интересира власта единствено за личен бенефит“.