Артан Груби ги демантира информации дека е повикан во судот во Хаг за случајот „Жолта куќа“, но потврдува дека како тогаш вработен во Хашкиот трибунал бил во албанскиот град Бурел додека се водела истрагата за злосторства за време на војната во Косово.
Првиот вицепремиер во македонската влада Артан Груби вели дека првпат слуша дека е повикан како сведок во таканаречениот случај „Жолта куќа“ . Во овој случај, наводно во куќа во Албанија, во близина на градот Бурел на граѓани, претежно Срби, за време на војната во Косово, им ваделе органи кои потоа ги препродавале.
„Не сум повикан воопшто во Хаг“, рече вицепремиерот Груби денеска во изјава за неколку медиуми.
Улогата на Груби во случајот „Жолта куќа“ и евентуално неговото сведочење во Хаг се појави како тема во јавноста откако во Албанија, тамошната опозиција тврдеше дека тој е повикан во Хаг.