Актуелниот шампион на Премиер лигата, Арсенал, го продолжи договорот со својот менаџер Микел Артета.
Шпанскиот стратег веќе ја започна својата седма година на клупата на „топџиите“, а со новиот договор ќе остане во Лондон најмалку до 2030 година.
Ако Артета го одработи целиот нов договор, тој ќе помине нешто помалку од 11 години на клупата на Арсенал и ќе стане третиот најдолговечен тренер во историјата на клубот.
Пред него ќе останат само Венгер и Џорџ Алисон, кој го водеше Арсенал 13 години, од 1934 до 1947 година.




