Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го критикуваше офанзивниот играч од средниот ред на тимот, Месут Озил и рече дека ќе се врати во „топџиите“ кога ќе биде „подготвен да даде сѐ од себе“.
Поранешниот германски интернационалец остана надвор од групата за првиот натпревар на „топџиите“ од обновувањето на Премиер лигата, загубен од Манчестер Сити со 0:3, а по мечот Артета објави дека неговата одлука за Озил е „тактичка“.
– Јас сум целосно отворен со Месут уште од првиот ден овде. Кога дојдов видов дека тој е во добра физичка форма и мотивиран да игра на највисоко ниво. Мислам дека тој играше на секој натпревар под мое водство. Кога ќе видам, дека тој е подготвен повторно да даде се од себе, ќе се однесувам со него како и секој друг. Јас сум целосно искрен со него и на многу натпревари тој одговори како што сакав. Тој преживеа многу во последните неколку недели и јас го почитувам фактот дека на некои играчи им треба малку повеќе време. Јас сум првиот човек кој сака Месут да биде во својата најдобра форма. Кога е подготвен да даде се од себе, ќе биде на теренот, изјавитренерот на Арсенал.