Тренерот на Арсенал, Микел Артета, по синоќешниот пораз од Манчестер сити (0:3) во 28-то коло од шампионатот на Англија, рече дека уште од почетните минути работите тргнале во непосакуван правец.
– Сè тргна наопаку од првите минути. Прво се повреди Џака, потоа Пабло Мари, па примивме гол во судиското надополнување. Следуваше црвениот картон на Давид Луиз. Се надевам дека сите наши неуспеси се случија овде. Дали долгата пауза е причината за повредите? Ако беа мускулни повреди, можеби да. Но, не мислам така, изјави Артета.
По 29. кола во Премиер лигата, Арсенал е на 9. место со 40 бода, осум помалку од зоната која обезбедува учество во Лигата на шампионите.