Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо може да го напушти клубот на лето, објави „АС“.
Според изворот, раководството на актуелниот италијански шампион сака да го растовари платниот список и да заработат пари од евентуалниот трансфер на 35-годишниот Португалец.
„Старата дама“ е подготвена да се раздели од напаѓачот за 100 милиони евра
Во тековната сезона на Серија А, Роналдо одигра пет натпревари, на кои постигна шест погодоци.