Жозе Мурињо е уверен дека ќе добие втора шанса да го води Реал Мадрид, пишува „АС“.
Специјалниот одбива понуди затоа што смета дека повторно ќе добие повик од „кралскиот клуб“. Според блиски до Португалецот, прашањето не е „дали“ тој ќе се врати на чело на мадридскиот тим, туку „кога“.
Жозе веќе разговарал со голем број специјалисти, обидувајќи се да го најде вистинскиот персонал за да го формира својот иден штаб.
Мурињо се раздели со неговиот долгогодишен асистент Руи Фарија и одржал голем број разговори со различни експерти, додава изданието, блиско до тимот од Мадрид.