Сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го нарече „крадец“.
Асад изјавата ја даде при првата посета на делови од провинцијата Идлиб, што сириската војска ја поврати од бунтовниците кои имаат поддршка од Турција.
Сириските државни медиуми прикажаа слики од Асад меѓу сириските војници во стратешки важната територија на југот од Идлиб.
При оваа посета Асад својот турски колега го нарече „крадец кој ограбуваше фабрики, пченица и гориво, а денеска краде територија“, мислејќи на неодамнешната турска инвазија на североистокот од Сирија, со цел од неа да ги протера курдските борци.
Турција изведуваше и други упади во Сирија и контролира територија источно од Идлиб. Во оваа провинција има набљудувачки пунктови, од кои го надгледува примирјето меѓу владините сили и бунтовниците и џихадистите.