Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж стана почесен член на германскиот ПЕН центар.
Назначувањето за почесен член е поврзано со загриженоста за здравјето на Асанж, чии услови на затвор од Амнести интернешенел се опишани како тортура.
Асанж е во Велика Британија и се обидува да не биде екстрадиран во САД. Тој е обвинет дека украл и објавил доверливи материјали од американските воени операции во Ирак и Авганистан заедно со свиркачот Челзи Менинг. Американските обвинители тврдат дека тој ги загрозил американските доушници со објавување на материјалите.
Додека за поддржувачи Асанж е истражувачки новинар, кој обелоденил воени злосторства.
За германскиот ПЕН центарот лишувањето од слободата на Асанж е безобразно кршење на човековите права.
– Ги повикуваме надлежните власти во Англија да не го екстрадираат нашиот почесен член Џулијан Асанж во САД, каде му се заканува затворска казна до 175 години, туку веднаш и безусловно да го ослободат од затвор, истакна заменик претседателот на Германскиот ПЕН центар, Ралф Нестмајер.
Тој додаде дека притворот на Асанж е „политички мотивиран“.
ПЕН (кратенка од поети, есеисти, романсиери) е здружение на писатели кое се залага за слобода на говорот. Минатата недела новинарот и писател Дениз Јуџел беше избран за нов претседател на германскиот ПЕН центар.