Официјален претставник во претседателскиот Кабинет во Кабул потврди дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани е на итни разговори со американскиот специјален претставник за помирување во Авганистан, Залмај Калилзад и со високи претставници на НАТО.
Западни медиуми претхордно јавија дека владата на Гани преговара со талибанците за „мирно предавање“ на Кабул.
Талибанците тврдат дека не планираат да го преземат Кабул со сила, јавија американски медиуми.
„Ничиј живот, имот или достоинство нема да бидат повредени, а животите на граѓаните на Кабул нема да бидат загрозени“, тврдат во изјаваз а американски емдиуми бунтовниците откако денеска влегоа во предградија на главниот град на Авганистан.
Владини службеници во паника кога ги напуштаат своите канцеларии, американски хеликоптери почнаа да слетуваат во областа на американската амбасада, додека талибанците го затегнаа обрачот околу главниот град, ја опишуваат ситуацијата дописници на локални медиуми.
На талибанците им е наредено да останат пред портите на Кабул и да не влегуваат во градот, изјави нивниот портпарол Забиула Муџахид. Тој вели дека милитантите „чекаат мирен трансфер на градот Кабул“ откако влегоа во предградија на главниот град на Авганистан.
Сухаил Шахин даде изјава за Ал-Џезира, откако авганистанските власти соопштија дека талибанците се во областите Калакан, Карабаг и Пагман во главниот град.
Во изјава за телевизијата Толо њуз, авганистанскиот минисетр за внатрешни работи нагласи дека талибанците нема да го нападнат Кабул и дека предавањето на власта ќе биде мирно.