Напаѓачот Милан, Кшиштоф Пјатек може да ја продолжи кариерата во Англија. Според официјалната веб-страница на италијанскиот новинар и добар познавач на фудбалот во Серија А, Џанлука ди Марцио, Астон Вила им понудила на „росо-нерите“ 30 милиони евра за 24-годишниот Полјак .

Милан сè уште не дал одговор и неизвесно е дали ќе ја прифати понудата со оглед на тоа што минатата година тие за Пјатек на Џенова и платија 35 милиони.

Мината сезона полскиот фудбалер постигна 30 голови на сите натпреварувања, а во првиот дел од оваа сезона само четири.

Слабата форма, како и враќањето на Златан Ибрахимовиќ, може да го натера Милан да се раздели со Пјатек.