Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на Астра Зенека преку Ковакс системот.“, напиша на ФБ минисерот Филипче.
АстроЗенека е вакцината осомничена дека предизвикува тромбови, но подоцна беше објавено дека негативнте реакции се во рамки на очекуваното.
Сепак, Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека нејзиниот Комитет за безбедност ќе организира состанок на експерти на 29 март за понатамошно истражување на случаите на формирање тромб и можната врска со вакцината на АстраЗенека.
Фармацевтската компанија АстраЗенека објави и нови податоци за ефикасноста на нејзината вакцина против корона. Ефикасна е 76 проценти во спречување на симптоми на корона. Претходно беше соопштена бројка од 79 проценти.
АстраЗенека објави и дека резултатот од последното испитување покажал дека вакцината останува 100 проценти ефикасна во спречување на тешки форми на болеста. АстраЗенека ја разви вакцината заедно со Универзитетот Оксфорд.