Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, сака да го напушти тимот во летниот преоден рок, пренесува „The Athletic“.
Според британскиот спортски портал, 27-годишниот Англичанец не е задоволен што тимот не се бори за трофеи и има намера да си замине доколку Спарс не се пласираат во Лигата на шампионите на крајот од сезоната 2020/21.
Објавено е дека Манчестер јунајтед и Манчестер сити, како и неколку клубови надвор од Англија, се заинтересирани за фудбалерот.
Во сезоната 2020/21, Кејн настапи на 41 натпревар за Тотенхем, постигнувајќи 29 гола и 16 асистенции.
Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 120 милиони евра.