Тренерот на Атлетико Мадрид – Диего Симеоне, ќе продолжи да ја пишува модерната историја на клубот.
Аргентинецот ги израдува навивачите на „јорганџиите“, откако денеска го продолжи својот договор до летото 2022 година.
Сегашниот договор на Аргентинецот беше до крајот на сезоната 2019/2020 година.
Популарниот Чоло застана на чело на Атлетико на крајот на 2011-та, а оттогаш освои 7 трофеи – два пати Лига Европа, еднаш титулата во Шпанија, по еднаш Купот и Суперкупот на Шпанија и два Суперкупа на Европа.
Тој успеа да го пласира тимот во две финалиња во Лигата на Шампионите – 2014 и 2016 година, изгубени од Реал Мадрид.
Симеоне има 412 натпревари на чело на тимот – 252 победи и 216 „суви“ мрежи.