Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста ќе биде суспендиран осум натпревари поради навреда на судијата Хесус Хил Манзано на натпреварот од 31. коло во фудбалскиот шампионатот на Шпанија против Барселона.
Според извештаите на медиумите, Дисциплинската комисија на Ла Лига ќе го дисквалификува Коста осум натпревари – четири за навреда на арбитерот, а уште четири бидејќи напаѓачот го зграпчил судијата.
До крајот на шампионатот во Шпанија има уште седум кола.