Напаѓачот на Валенсија, Родриго Морено, нема да се пресели во Атлетико (Мадрид), тврди „Марка“.
Клубот од шпанската престолнина беше подготвен да плати 60 милиони евра за Морено, но во последен момент договорот не успеа.
– Ние бевме подготвен дека Родриго Морено ќе го напушти клубот. Трансферот требаше да се случи. Клубот ме извести на 13 август. Морено исто така им кажа на сите дека оди во Атлетико, но сега договорот е откажан, рече тренерот на „лилјаците“ Марселињо по синоќешното реми 1-1 со Реал Сосиедад.
Фудбалерот не тренираше цела недела, бидејќи индиректно беше вклучен во преговорите и, исто така, разговараше за личните услови со неговиот татко и неговиот нов евентуален тим.
Според весникот „СуперДепорт“, проблемите доаѓаат од Атлетико (Мадрид) и поточно нивната неспособност да влезат во рамките на финансискиот фер-плеј.
Шпанската федерација е еден од најжестоките поддржувачи на финансискиот фер-плеј. Неколку договори во втората дивизија се откажани бидејќи клубовите не можат да гарантираат плаќања или немаат доказ за фудбалското потекло на нивните пари. Во клуб како Алавеш, федерацијата контролира какво било плаќање или влез на финансии за да го заштити тимот од тргнување во погрешна насока.