Фудбалерот на Атлетико, Диего Коста ќе го напушти мадридскиот клуб, објави новинарот Фабрицио Романо.
Според изворот, 32-годишниот Шпанец нема да го продолжи договорот со тимот. За Коста се зинтересирани клубови од Бразил и Кина.
Оваа сезона Коста одигра седум натпревари за Атлетико, постигнувајќи два гола.
Неговиот договор истекува на 30 јуни 2021 година.