Шестиот рекет на светот Стефанос Циципас денеска во финалето на АТП турнирот во Марсеј, Франција, за 1 час 28 минути го совлада Феликс Аугер-Аласим од Канада со 6:3 и 6:4 и ја одбрани титулата.
Дваесет и едногодишниот Грк ја прослави петта победа на турнир на ниво на АТП, по осум добиени мечеви натпревари и 16 сетови во низа во Марсеј.
Аугер Аласим го загуби петтото финале во кариерата и второто по ред. Тој минатата недела, беше поразен во Ротердам од Гаел Монфилс.