Комплетот којшто глумицата Оливија Њутн-Џон го носи во последната сцена од филмот „Брилијантин“ беше продаден на аукција, Беверли Хилс, Калифорнија, за 405.700 долари, двојно повеќе од очекуваното. Името на купувачот не се соопштува.
Оригиналното сценарио кое ѝ припаѓало нејзе исто така е меѓу предметите продадени на аукцијата.
Филм „Брилијантин“ е филм од 1978 година, во кој Њутн-Џон ја глумеше тинејџерката Сенди, партнерка на „лошото момче“ Дени когошто пак, го глумеше Џон Траволта.
Прочуениот црн костим меѓу другото ја овековечи песната „You’re the one that I want”.
Тесните кожени панталони биле веќе две децении стари кога таа ги облече за филмот. Актерката изјавуваше дека тие ја ставиле во посебен режим на исхрана.
Розовиот фустан што го носеше на премиерата на филмот е продаден за 18.750 долари.
Глумицата моментно се лекува од рак на дојка и дел од средствата од наддавањето ќе се одат на сметката на нејзиниот центар за лекување рак во Австралија.