Портрет на композиторот Волфганг Амадеус Моцарт на 13-годишна возраст, ќе биде ставена на наддавање во аукциската куќа „Кристи“ во Лондон.

Ова е една од ретките слики изработени додека познатиот музичар бил жив, па се очекува за неа да бидат платени меѓу 800.000 и 1,2 милиона евра.

– Обично купувачите се заинтересирани поради името на сликарот автор, но во овој случај, позанимлив е ликот на сликата, изјави Астрид Сентнер од одделот за стари дела при „Кристи“.

Се смета дека сликата „Младиот Моцарт“ е од Џамбетино Чинароли. Разногласија меѓу стручните лица има за тоа кое музичко дело се гледа на неа. Моцарт седи пред клавир, но не е јасно што е тоа што го свири во тој миг.

– Некои сметаат дека музичката творба е дело на Балдасаре Галупи, а други пак, мислат дека е на самиот Моцарт, но не е запазена до ден денешен, објасни Сентнер.

Вредно е и да се забележи дека е познато каде и како сликата е направена, како и кој ја порачал… Тоа бил даночникот од Венеција, Пјетро Луџати. Таткото на Моцарт во писмо до жена му, на 6 јануари 1770 година, ѝ пишува дека по успешен концерт на Моцарт, детето позирало за сликање.

Можно е ова да е единствениот ваков портрет што сѐ уште не се нашол во приватна колекција.