Бејзбол играчот Џорџ Херман „Бејб“ Рут почина пред повеќе од 70 години, но оваа американска национална икона и денес вреди милиони. Имено, палката што 1929 година ја имал при своето 500. трчање, е продадена за над милион долари, објави аукциската куќа СЦП.
Палката Рут ја подарил на пријател во 1940-тите. Продадена е за 1.000.800 долари, а името на купувачот не се соопштува.
– Предметите на Бејб Рут и натаму се меѓу најценетите спомени во колекционерскиот свет, рече директорот на СЦП, Дејвид Колер.
„Бејб“ е, според многумина – најдобар бејзбол играч во историјата и еден од најголемите спортисти што САД некогаш го имала.
Во Бостон Ред сокс и Њујорк Јенкис одигра 22 сезони, а 1935 година се пензионираше.