Колин О Брејди стана првиот човек кој сосема сам го помина Антарктикот, по последната етапа која траела 32 часа.
На 30-годишниот Американец му биле потребни 54 дена за патувањето долго 1.500 километри, во кое со скии помина од едниот до другиот брег на замрзнатиот континент.
О Брејди последната етапа од 125 километри ја почнал на 25 декември.