Најмалку 50 лица се повредени откако бомбаш-самоубиец денеска детонираше експлозив пред главната американска база Баграм во Авганистан.
Повредените се цивили, меѓу кои има мажи, жени и деца.
– Во нападот нема мртви, но сериозно е оштетена болницата, која се гради за локалното население, соопшти претходно НАТО мисијата во Авганистан.
Според официјален претставник на Алијансата во земјата, цел на нападот била болницата.
Вооружените сили на Авганистан и сојузниците го одбиле нападот без загуби.
Досега ниту една од групите кои дејствуваат во регионот нема преземено одговорност за нападот.