Најмалку 18 луѓе загинаа во два одвоени напади во Авганистан. Едниот напад се случи во Гору, во западниот дел на земјата, а вториот во источната провијнција Кост.
Талибанците синоќа нападнаа полициски контролен пунк во Гору, при што загинаа 10 припадници на авганистанските безбедносни сили.
Во меѓувреме во провинцијата Кост неидентификуван напаѓач се обиде да ликвидира поранешен воен комнандант. При нападот загинаа најмалку осум лица.
Талибанците извршија напад и во областа Пасабанд, при што е повреден еден полицаец, а друг се води како исчезнат.
Се уште никој не презеде одговорност за нападите.
Изминатите недели е зголемен бројот на напади во Авганистан, а одговорност воглавно преземаат групите лојални на Исламска држава.