Најмалку осум лица загинаа, а 47 се повредени при експлозија на автомобил-бомба во авганистанската провинција Херат, соопштија локалните власти.
Неколкумина од повредените во експлозијата, која уништи и 14 куќи, се наоѓаат во критична состојба, соопшти портпарол на болницата во Херат.
– Едно лице меѓу загинатите и 11 меѓу повредените се припадници на авганистанските безбедносни сили, а останатите се цивили, вклучувајќи жени и деца, истакна портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Ариан.
Засега никој нема преземено одговорност за нападот. Во голем број претходни напади џихадистичката група Исламска држава ја преземала одговорноста.
Неколку часа по нападот, Советот за безбедност на ОН го осуди „алармантниот“ пораст на напади во Авганистан, во кои страдаат цивили, додека талибанците и авганистанската Влада водат мирни преговори.