1979-1989 – Советска окупација
Советски сили влегоа во Авганистан во декември 1979 година. Отпор даваа Авганистански муџахедини поддржани од Западот кои се бореа со советстките трупи деценија се до повлекувањето на советската армија во февруари 1989 година

1992-1996 Граѓанска војна
Речиси 100 илјади убиени за две години, Талибанското движење поддржано од Пакистан почна да се појавува.

1996 – 2001 Талибанско водство
Исламистичкото движење е на васт. Го предводи Мула Мохамед Омар, режимот стана близок до Ал Каеда, го криеше лидерот Осама бин Ладен

2001 Интевенција на западни сили
Воена интервенција предводена од САД извршена во Авганистан, Урнат е режимот. Хамид Карзаи е прогласен за шеф на валдата. Најмалку 130.000 војници префрлени за борби со талибанците.

2004 – 2014 Карзаи на власт
Хамид Карза победи на првите авганистански претседтаелски избори. Одново избран во 2009 година.

2014-2016 Повлекување на САД
НАТО објави дека предава безбедноста на државата во раце на авганистанската армија и полиција. Новиот претсеадтел Ашраф Гани потпиша договор со кој сили на НАТО и на САД остануваат.

2020 САД-Талибанци договор
По разговори почнати во 2018 година двете страни договорија за начин за повлекување на странските сили

2021 Американско повлекување
Американскиот претседател Џо Бајден  објави целосно повлекување на американските сили до септември

2021 Талибанците во офанзиви
Насилството на талибанците се интензивира откако НАТО почна со повлекување во мај. Талибанците направија огромно напредување со офанзиви и во август зазедоа голем број провинции во државата.