Обединетите нации објавија во најнов извештај дека во минатата година во Авганистан загинале рекорден број цивили поради засилените воздушни удари на меѓународните сили предводени од САД и поради зголемениот број самоубиствени напади.
Според извештајот на Мисијата на ОН за помош во Авганистан во судирите во таа држава во 2018 година загинале 3.804 цивили меѓу кои 927 деца. Тоа е најголем годишен биланс во двете категории.
Бројот на загинати цивили е за 11 отсто повисок во однос на податоците од 2017 година.