Талибанците во Авганистан објавија дека ќе ја забранат работата на сите домашни и странски невладини организации (НВО) доколку продолжат да вработуваат жени.
Во писмото објавено на Х, Министерството за економија предупреди дека непочитувањето на најновата наредба ќе резултира со губење на дозволата за работа во Авганистан на тие невладини организации.
Министерството соопшти дека има надлежност да ги регистрира, координира, раководи и надгледува сите активности што ги вршат домашни и странски организации.
Владата нареди суспензија на целата работа на жените во институциите што не се под контрола на талибанците.
Фото: МИА архива