Најмалку 20 авганистански војници се убиени во два одвоени напада на талибанците во северната провинција Кундуз, изјави денеска шефот на покраинскиот совет, Јусуф Ајуби, пренесе ДПА.

-Милитантите во текот на изминатата ноќ нападнаа воен објект во областа Дашт-е Арчи, како и во дел од главниот град на провинцијата, изјави Ајуби.

Според Ајуби, во нападите има и седуммина ранети војници.

Талибанците и Министерството за одбрана се уште не ги коментираа инцидентите.

Кундуз е меѓу најнесигурните провинции на северот на земјата, каде поголемиот дел од нејзината територија со години ја контролираат талибанските милитанти, појаснува ДПА.