Во акциите извршени во последните 24 часа во Авганистан, поддржани и од силите на НАТО, убиени се 92 талибанци.
Авганистанското Министерство за одбрана соопшти дека безбедносните сили и силите на НАТО извршиле акции во Лагман, Газни, Забул, Кандахар, Ферах, Хелманд и Бел Фараб.
Во нападите во последните 24 часа се убиени 92 талибанци, а 56 се повредени. Исто така, приведени се десет милитанти, а запленето е и поголемо количество оружје и муниција.