Ер Нов Зеланд порача осум авиони Бопинг Дримлајнер по цена од 2,7 милијарди долари.
Новозеландскиот авиопревозник во преговорите успеа да добие значителен попуст на цената што ќе ја плати за авионите 787-10 што е вообичаено за такви зделки.
Во соопштение се додава дека новите авиони ќе ја заменат досегашната флота на компанијата од осум Боинг 777-200С и дека ќе ги преземат во период од пет години почнувајќи од 2022 година.
Ер Нов Зеланд ќе додава дека новите авиони ќе имаат нови мотори произведени од Џенерал електрик наместо мотори што за претходната серија Боинг 787-9 Димлајнер ги произведе британски Ролс-Ројс.