Бурата „Ерик“ ја погоди Велика Британија при што ветровите се со брзина поголема од 110 км/час.

Една жена загина откако врз неа се урна дрво. Бурата создава големи проблеми во сообраќајот особено во воздушниот.

Британски медиуми објавија снимка од авион што морал принудно да слета на писта на аеродромот Хитроу. Но, во тоа не успеал.

Авион на Бритиш ервејз се спуштил на пистата, но од неа само се одбил. Како што се гледа на снимките условите се исклучително тешки.