Авионот „Ер Форс Уан“ со кој се пренесува американскиот претседател Доналд Трамп слета во Алјаска, каде што наскоро е закажан историски руско-американски самит.

Претходно, на Алјаска пристигна и а авионот во кој се наоѓаше рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, наскоро треба да се сретнат во Алјаска.

Главните теми на разговорите ќе бидат украинското прашање и нормализацијата на односите меѓу Москва и Вашингтон. Средбата треба да започне во 21:00 часот по централноевропско време.

Како што е најавено, Путин и Трамп прво ќе одржат средба еден на еден, а потоа ќе следат работен појадок на кој ќе присуствуваат руски и американски делегации.