Неколку патници загинаа денеска кога се урна патнички авион со 17 патници и членови на екипажот во градот Гома, на истокот од Демократска Република Конго, соопшти канцеларијата на локалниот гувернер.
„Авионот во сопственост на локалната компанија „Бизи Би“ се урнал при полетувањето на пат кон градот Бени“, се наведува во соопштението на канцеларијата на гувернерот на провинцијата Северен Киву.
Се уште не е утврдена конечната бројка на жртви, пренесуваат британските медиуми.
Во октомври погинаа уште осум патници во пад на товарен авион по полетувањето од истиот аеродром.
Британските медиуми наведуваат дека авионските несреќи се релативно честа појава во Конго заради ниските безбедносни стандарди и лошото оддржување на авионите.