Седум лица, кои се наоѓале во мал авион, загинаа откако леталото се урна во езеро во американската сојузна држава Тенеси, а властите денеска соопштија дека нема преживеани.
Авионот „Цесна С501“ се урнал вчера во езерото Перси Прист во близина на градот Смирна веднаш по полетувањето, соопштија властите.
Тие денеска по деноноќната истрага објавија дека повеќе нема да трагаат по преживеани.