Две лица загинаа, а седуммина се повредени во несреќа при слетување на руски авион Антонов Ан-24 на регионалниот аеродром во руската република Бурјатија во Сибир, потврди руското Министерство за вонредни состојби.
Во авионот, кој летал на релација од Улан Уде до Нижнеангарск, имало 46 патници и членови на екипажот.
Руските власти објавија дека авионот за време на слетувањето не застанал на крајот од пистата туку продолжил и удрил во блиската зграда, по што се запалил.
Авионот Антонов Ан-24 припаѓа на регионалната руска компанија Ангари.