Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува нападот врз новинарот и снимателот на ТВ21 во скопско Арачиново, пред и во зградата на општината.
-Медиумите работат во интерес на граѓаните и се важен столб на демократијата, поради што секое мешање во нивната работа претставува загрозување и кршење на слободата на изразување и информирање, се наведува во реакцијата на АВМУ.
Медиумските работници, додава Агенцијата, мора да бидат ослободени од сите видови притисоци и закани за да можат непречено да ја извршуваат својата работа – информирање на јавноста.
-Зачувувањето на достоинството на новинарската професија и безбедноста на медиумските работници се особено важни и од тие причини апсолутно неприфатливи се нападите на претставниците на медиумите, додава АВМУ.