Австралискиот премиер Скот Морисон објави национално извинување за жртвите на педофилија признавајќи пред Парламентот дека државата не била на висина на задачата.
– Тие дела ги извршиле Австралијанци против Австралијанци, непријатели се меѓу нас, нагласи тој во говор пред државната телевизија.
– Како нација не ја исполнивне должноста кон нив. Ги напуштивме и поради тоа секогаш ќе ни биде срам, додаде тој видно вознемирен споменувајќи сексуално насилство извршено во верските, но и државните институции.
Во 2012 година автралиската Влада основа Кралски истражен совет за институционални одговори за педофилски злосторства. Во крајот на 2017 година објавија поразни резултати – му се обратиле над 15.000 луѓе кои тврделе дека биле жртви на педофилија под заштита на црквата, од сиропиталишта, спортски клубови, школи.