Австралискито премиер Скот Морисон соопшти денеска дека државата ќе ја намали бројката на годишен прием на имигранти и ќе ги насочи новодојдените надвор од големите градови.
-Квотата за годишен прием ќе биде намалена од 190.000 на 160.000 луѓе за следните 4 години, изјави тој.
Ќе бидат воведени и нови виза-категории со кои квалификувани имигранти ќе мора да живеат три години во мали градови во селски региони пред да добијат право за кандидирање за државјанство.
На странските студенти ќе им се нудат одлични услови да учат вон големите градови.