Американската тенисерка Џенифер Брејди утринава ја победи Каролина Мухова од Чешка со 6:4, 3:6 и 6 4 и се пласира во финалето на Австралија опен. Мечот во Мелбурн траеше два часа, а Брејди го заврши со осум аса, наспроти еден на Мухова.
Противничка на Брејди во финалето ќе биде Јапонката Наоми Осака, која ноќеска во два сета ја совлада Американката Серена Вилијамс – 6:3, 6:4.
На Грен слемот во Мелбурн претпладнево ќе се игра првото полуфинале кај тенисерите. Во него ќе се соочат Новак Ѓоковиќ (Србија) и Аслан Каратсев (Русија).
Другото машко полуфинале во кое ќе се сретнат Данил Медведев (Русија) и Стефанос Циципас (Грција) е закажано за утре.