Поранешната прва светска тенисерка, Анжелик Кербер ноќеска загуби од Американката Бернарда Пера во првото коло на Австралија опен со 0:2, по сетови 0:6 и 4:6.

За Кербер ова е втор последователен пораз во првото коло на Грен слем турнир. Таа во истата фаза загуби на Ролан Гарос. Последен пат Германка не се пласира во вториот круг на два Грен слем во 2011 година.

Во првиот сет Кербер не освои ниту еден гем. Ова се случи по 39-ти пат во нејзината кариера. Последен пат таа не освои гем на меч во февруари 2019 година.

Пред Австралија опен, Германката мина низ строг карантин, но потоа настапи на турнир во Мелбурн и се пласираше во четвртфиналето.