Не повеќе од 30 илјади навивачи на ден ќе можат да присуствуваат на натпреварите на Австралија опен, пренесува Ројтерс. Ова го објави министерот за спорт на Викторија, Мартин Пакула. За последните пет дена од турнирот, не смее да има повеќе од 25 илјади гледачи на ден.
– За 14 дена на турнирот ќе можат да учествуваат 390 илјади гледачи, што е околу 50% од просечната посетеност во последниве години. Се разбира, ова е различно од она што се случуваше во претходните години. Сепак, ова е најголемиот настан со гледачи во последните месеци, рече Пакула.
За потсетување, претходно стана познато дека околу 70 играчи се во карантин 14 дена во пресрет на турнирот. Тие летаа за Австралија со истите авиони со патници заразени со коронавирус.
Тенискиот Грен слем Австралија опен ќе се одржи во Мелбурн од 8 до 21 февруари.