Јапонската тенисерка Наоми Осака победи на годишново издание на Австралија Опен, совладувајќи ја денеска во финалето Американката Џенифер Брејди со 2:0 во сетови (6:4, 6:3).
На Осака и беа потребни еден час и 19 минути да ја освои втората титула во својата кариера на грен-слем турнирот во Мелбурн.
Јапонката сервираше десет асови, а Брејди два, Осака имаше 16 винери и 24 двојни грешки, додека Американката направи 31 двојна грешка во финалниот натпревар.
За Осака ова беше четврто грен-слем финале и четврти триумф, по победите во Мелбурн во 2019, и освојувањето на US Open, во 2018 и 2020 година.
Во машкото финале на „Род Лејвер Арена“ во Мелбурн, утре ќе играат најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ и Русинот Данил Медведев.