Руските тенисери Данил Медведев и Аслан Каратсев се пласираа во полуфиналето на Австралија опен. Првпат во историјата на Грен слемот, има двајца Руси помеѓу четворицата најдобри.

Во четвртфиналето Медведев го совлада сонародникот Андреј Рубљев со 3:0, додека Каратсев се покажа како посилен од Григор Димитров (Бугарија) со 3:1.

Следен противник на Медведев ќе му биде победникот од натпреварот Стефанос Циципас (Грција) – Рафаел Надал (Шпанија), а Карацев ќе игра со Србинот Новак Ѓоковиќ.

Последниот победник на Австралија опен од Русија беше Марат Сафин во 2005 година.