Австралиската полиција денеска откри пет безживотни тела, меѓу кои на жена и деца, во едно предградие во градот Перт.
Полицијата сослушува момче на 20 годишна возраст, кое дошло денеска во полициска станица во Перт и соопштило за грозоморниот случај.
Засега нема официјална потврда од страна на полицијата колку тела се пронајдени во куќата во предградието Бедфорд, но според полициски извор станува збор за пет тела, меѓу кои на една жена и деца.
– Истрагата е во почетна фаза, но инцидентот е трагичен, истакна помошник комесарот Пол Стил.