Во Австралија денеска е одлучено за пет месеци, до октомври, да се одложи усвојувањето на федералниот буџет, со образложение дека заради пандемијата од коронавирусот е невозможно да се изврши чуствителната економска прогноза.
Во Австралија се најавува драматично зголемување на финансиските стимулации за економијата за да се избегне рецесија, додека австралиските банки ги одложуваат исплаќањата на кредитите на малите фирми, чие делување е погодено од пандемијата.
Во земјата со 25 милиони жители досега се евидентирани седум смртни случаи од Ковид-19 , а бројот на потврдени случаи се зголеми на 800, јавиваат британските медиуми.
Владата планира да воведе мерки за ограничување на движењето, а на државјаните на други земји им се забранува влез во Австралија.
Австралискиот премиер Скот Морисон апелираше до граѓаните да ги ограничат социјалните интеракции и да се држат на пропишаната одалеченост едни од други.